По неколкудневни подготвки во Скопје подмладената македонска машка ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров денеска ќе замине за Киро каде в петок и сабота ќе одигра два контролни натпреаври против соодветната селекција на домаќинот Египет во рамките на ЕХФ неделат. Овие контролни средби со силен протвник треба да покажат колку и на што треба да работи македонскиот тим за вистинскиот предизвик кој му претстои со настапот на завршницата од ЕП-2022 во јануари.
Селектор на „фараоните“ е поранешниот трофеен тренер на македонскиот двократен европски првак Вардар, Шпанецот Роберто Гарсија Парондо, кој добро го познава мак-ракометот.
-Добро е што постои ваква можност преку „ЕХФ неделата“ да можеме да се собереме, подготвуваме и да тренираме. Ги замолив репрезентативците да бидат трпеливи, имаме дисциплина, има желба за работа. Намерно повикав млади играчи, младите треба да имаат што повеќе собири од ваков тип, да играат со своите идоли, да се вклопуваат, да го учат системот. Одиме чекор по чекор. Египет е една од селекциите којашто најмногу напредуваше во последниот период, имаат одличен селектор кој многу пати досега покажал дека има голем капацитет и квалитет. Би сакал да ги победиме, но најважно е она што го сработивме на тренинг да се покаже на терен и потоа да ги анализираме нашите добри и лоши страни – порача пред двата треста Лазаров.



