Претседавачот со демократите во Ајова поднесе оставка по скандалот со броењето на гласовите

Претседавачот на Демократската партија во американската сојузна држава Ајова, Трој Прајс, поднесе оставка заради лошата организација на партискиот кокус на кој се избираше претседателскиот кандидат на оваа партија од оваа држава за изборите во ноември.

„Факт е дека демократите заслужија повеќе од тоа што се случи во ноќта на кокусот. Како претседавач со оваа партија длабоко жалам заради тоа што се случи и ја сносам одговорноста за било какви пропусти”, напиша Прајс во писмоот со оставката, обавено од Си-Ен-Ен.

Тој наведе дека сака да остане на таа функција, но дека верува дека е време демократите во Ајова да продолжат понатаму, а дека тоа ќе им биде отежнато доколку тој остане на позицијата претседавач.

Неговата оставка следи по хаотичниот кокус во Ајова, што беше одбележен со доцнење на резултатите заради, како што на крајот се покажа, технички проблеми и грешка во апликацијата за гласање.

Треба да знаете
Последни објави