(Видео) Дончиќ не го спаси Далас од пораз, Јута го поведе „орото“ на Западот

Далас загуби од Мајами (110:125) во еден од петте одиграни натпревари ноќеска во кошаркарската НБА-лига. Одличната партија на словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ не го спаси Далас од пораз, бидејќи немаше поддршка во своите соиграчи. Словенецот средбата ја заврши со 33 поени, пет асистенции и три скока. „Жешките“ дојдоа до победата бидејќи дури четворица кошаркари во нивните редови имаа постигнато најмалку 22 поени. Тајлер Хиро средбата ја заврши со 25 поени, Џими Батлер со 23, додека Бем Адебајо и Кајл Лаури постигнаа по 22 поени за петти по ред триумф на Мајами.

Кошаркарите на Јута го совладаа на домашен терен Сакраменто со 119:113 и го презедоа лидерското место во Западната конференција во НБА лигата. До шестата победа во седмиот натпревар Јута ја предводеа Донован Мичел со 36 и Мајк Конли со 30 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда: Јута – Сакраменто 119:113, Детроит – Милвоки 78:117, Далас – Мајами 110:125, Феникс – Њу Орлеанс 112:100, Лос Анџелес лејкерс – Хјустон 119:117.

Треба да знаете
Последни објави