Излегува од илегала: Бранко Црвенковски ќе говори на бизнис форум на Копаоник

Поранешниот македонски претседател по подолго време ќе се појави во јавноста. Тој е најавен како говорник на бизнис форумот на Копаоник. Покрај него како учесници се најавени видни гости како Ана Брабиќ, Драган Бјелорглиќ, Мирко Цветковиќ, како и новинарката Деа Ѓурѓевиќ која за малку ќе останеше без рака по сообраќајната несреќа.

Дваесет и седмиот Копаоник бизнис-форум ќе се одржи од 1 до 4 март годинава во Конгресниот центар на хотел „Гранд“ на Копаоник, а централна тема ќе биде „Индустрија 4.0 и поврзани теми: идни предизвици“.

Голем број панели ќе бидат посветени на четвртата индустриска револуција, дигитализацијата, образованието, паметната специјализација, политиките на вработување и т.н. „одлив на мозоци“, а првиот ден во рамки на програмата предвиден е интересен специјален настан посветен на креативната економија на кој учествуваат актерот, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ и Ѓорѓе Трбовиќ, директор на IDJ World.

Копаоник бизнис-форум секоја година привлекува повеќе од 1.500 учесници, а годинава покрај државници, претставници на меѓународни финансиски институции, членови на дипломатскиот кор, бизнисмени, локални и странски инвеститори, своето учество го потврдија и Галина Андронова-Винчелете – менаџер на Светската банка за Европа и Централна Азија, Надем Илахи – регионален директор на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа, Дубравка Негре – директорка на регионалната канцеларија на Европската инвестициска банка за Западен Балкан, како и сите претседатели на Стопански комори од земјите во регионот. Посебни гости на форумот ќе бидат поранешните претседатели на држави и влади од регионот меѓу кои и поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски.

Треба да знаете
Последни објави