Англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл кој го има еден од најбогатите спонзори од Саудиска Арабија почнува да составува тим за освојување на трофеи. Прво што направи раководството на тимот се одлучил кому ќе му ја довери тренерската позиција. Според медиумите на Острово таа улога ќе ја извршува шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери, по отказот кој му беше даден на Стив Брус.
Во овој момент Емери го води шпанскиот Виљареал, кој се согласил да му излезе во пресрет на својот тренер за отштета од шест милиони евра.
За Емери евентуалното преземање на Њукасл би било враќање во Премиер лигата каде што го водеше Арсенал со кој не се прослави.