Лидерот на т.н. „Штаерска стража” и прв човек на Движењето Обединета Словенија Андреј Шишко излезе од затвор, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Toj беше осуден на затворска казна поради учество во обид за насилна промена на уставниот поредок на Словенија.
Пред затворот во Марибор, Шишко беше пречекан од 50 приврзаници кои неговото излегување го поздравија со аплауз. Тие беа облечени во воени униформи и построени во кордон.
– Се гледаме на избори!, куси им изјави Шишко на новинарите.