САД би можеле да воведат санкции за Мексико доколку властите во таа земја решат да купат руски хеликоптери, објави мексиканскиот портал „СДП Нотисијас“, кој се повикува на изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Уго Родригез.
Родригез потврди во Конгресот дека можниот договор за испорака би испровоцирал санкции.
Според америкаскиот дипломат, мексиканската страна е запозната со тој став.
Минатата недела рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров, по преговорите со својот мексикански колега Марсел Луис Ебрард изјави дека Мексико го разгледува предлогот на Москва за нова испорака на воени хеликоптери.
На 28 јануари беше забележано дека „Рособоронекспорт“ го склучил првиот договор со странски клиент за набавка на најновите хеликоптери за транспорт и слетување „ми-38Т“, но не беа откриени информации за клиентот.
Мексико своевремено купи 50 хеликоптери „ми-8“ и „ми-17“.