Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, ги отфрли шпекулациите, дека Манчестер јунајтед се откажале од него поради високи барања за плати, како комични. Норвешкиот напаѓач изјави дека веќе решил да му се придружи на германскиот бундеслигаш.
Холанд се придружи на Дортмунд минатиот месец, и веќе има импресивни 8 гола за само 270 минути игра. Младиот фудбалер кој играше под раководство на сегашниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во Молде, вели дека има само почит кон тренерот на „црвените ѓаволи”.
Сепак, Холанд го сметал трансферот на „Сигнал Идуна Парк” како вистинска одлука за неговата кариера.
– Оле беше многу важен за мојот развој и за постигнувања и за она што сум денес. Сепак, решивме дека Дортмунд е вистинскиот потег. Што се однесува до моите големи побарувања за плата, тоа не е точно. Луѓето пишуваат што сакаат. Тие мораат да ми објаснат ако ме сретнат. Сепак, тоа не е мојот фокус, рече норвешкиот фудбалер.
Вечерва Борусија Дортмунд ја продолжува битката во германската Бундеслига. „Жолто-црните” се домаќини на Ајнтрахт од 20:30 часот.