Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години забележа и втората победа на контролнитем мечеви со содветната селекција на Босна и Херцеговина. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски на првиот тест славеа со 3:1, а на вториот со 3:2. Двата контролни натпреаври се одиграа во Босна и Херцеговина.
На стадионот „Бабовац” во Љубушки, на денешниот меч македонската репрезентација поведе во 3. минута преку Стојановски за водство од 1:0. Во 48. минута Кахвиќ го израмни резутатот, по голема грешка на голманот Василев. Истиот играч Кахвиќ го постигна и вториот свој гол за БиХ со кој обезбеди резултаски пресврт за домаќините од 2:1.
Гуџуфи беше фудбалерот кој возврати со два гола и резултаски пресврт за победа на Македонија. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.