Независната пратеничка Емилија Александрова на третото денешно продолжение на седницата за Законот за јавно обвинителство му порача на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, да ја напушти и да ја ослободи партијата, бидејќи, како што рече, со неговото однесување ѝ нанесува само штета. Таа рече декаво пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гледа давеници кои се обидуваат да се спасат, по што настана хаос и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола мицевски почна да ѕвони на ѕвончето на претседателската маса.
-Овој закон го направивте во ваша лична борба. Ја направивте партијата заложник, со кое право го правите тоа колега Милошоски. Многу луѓе веруваат во партијата, но за жал многу од нив завршија во затвор и сега вие сте патриотот, а тие предавници. Колега Антонио Милошоски, напуштете ја партијата, ја заробивте. Вие немате никакви аргументи против овој Закон за Јавно обвинителство. Ја заложивте партијата во која сте само поради привилегии. Ја искрививте мојата слика за тоа како треба да изгледа еден политичар- рече Александрова.