По неколку добри гемови од двајцата тенисери следеше криза во играта на Ѓоковиќ, а тоа го искористи Кодра за да направи брејк и да поведе со 5-4, по што пропушти три сет топки, а тоа го казни Ѓоковиќ и израмни на 5-5. Освојувачот на првиот сет се решаваше во тај-брејк, каде што Американецот беше подобар до 10-8.
Србинот имаше проблеми и во вториот сет, а беше во состојба да го загуби и мечот бидејќи му дозволи на ривалот да стигне до меч-топка во 12. гем, но успешно се одбрани и потоа во тај-брејк славеше со 7-3.
Ѓоковиќ играше сè подобро како минуваше времето, а Кодра почна со грешките и му дозволи на Србинот да искористи една брејк шанса за да го добие третиот сет со 6-4.