Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди островот во југоисточниот дел на Егејското море, а засега не се пријавени повредени, ниту материјална штета.
Геодинамичниот институт во Атина соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил на 39 километри северозападно од островот Карпатос и дека се случил веднаш по 18 часот по локално време.
Карпатос се наоѓа меѓу популарните туристички острови Родос и Крит во делот на Грција кој е подложен на земјотреси.