Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски разговараа за нова размена на затвореници, соопштија украинските власти.
Првата операција од овој вид се случи во септември, а втората во декември, но меѓу Украина и проруските бунтовници.
Путин и Зеленски во телефонскиот разговор споменале ослободување на затворени украински државјани на истоткот од Украина, подрачје под контрола на проруските бутновници, како и на црноморскиот полуостров Крим и во Русија, се наведува во сооптението од кабинетот на украинскиот претседател.
Тие исто така разговарале и за новиот состанок во форматот на Нормандија, по таквата средба во декември во Париз, со посредство на Франција и Германија.
Путин и Зеленски првпат се сретнаа во Париз, а потоа следеше размена на околу 200 затвореници меѓу Киев и проруските сепаратисти, што претставуваше операција во ново смирување на конфликтот меѓу двете страни, а во која од 2014 година настрадаа над 13.000 луѓе.
Во септември Киев и Мосва разменија 70 затвореници, а Русија на Украина и` ги врати запленетите воени бродови.