Денес во просториите на Алијансата за Албанците се одржа координативната средба меѓу работните групи на Алијанса и Алтернатива.
Организациските и програмските работни групи дискутираа за многу важни прашања, со цел да се превземат конкретни чекори.
Бидејќи и двете страни имаат слични ставови за многу прашања, во состанокот се оцени дека понатамошната соработка ќе биде плодна.
Ваквите координативни состаноци меѓу работните групи ќе продолжат наредните денови, сè додека не се заклучат последните детали за понатамошната соработката.