Заврши расправата за Законот за ЈО, следува седница за разрешување на Мизрахи

По говорот на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски за Законот за Јавното обвинителтво, претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од една час, по што треба да почне 136. седница, а на која треба да се разреши техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Освен нејзиното разрешување, на дневен ред се и Изборен законик, како и законот за Лични карти.

Собранискиот спикер Џафери рече дека гласањето за Законот за Јавно обвинителство ќе го договори на координација со координаторите од мнозинството, а по 136. седница, ќе се врати повторно на оваа седница, на која треба да се дебатира и за Законот за Совет на јавни обвинители.

Џафери попладнево рече  дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот.

 

Треба да знаете
Последни објави