– Хавиер Тебас, претседател на шпанската лига Примера, беше меѓу првите кои реагираа на веста од УЕФА за суспензија на Манчестер Сити.
– УЕФА конечно презеде решителна акција. Примената на правилото за финансиски фер-плеј и казнување при негово прекршување е од пресудно значење за фудбалот. Со години апелираме за преземање на решителна акција против Манчестер Сити и против ПСЖ. Подобро некогаш, отколку никогаш, напиша Тебас на Твитер.
Веста за казнување на Манчестер Сити синоќа ја објавија британските медиуми. УЕФА ги казни „граѓаните” со двегодишна забрана за учество во Лигата на шампиони и во Лига Европа, а фудбалскиот клуб треба да плати и 30 милиони евра.