Законот за ЈО е темел за неселективната правда и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за сторениот криминал, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„СДСМ и коалицијата е на страната на правдата, наспроти Христијан Мицкоски кој се обидува да го спречи носењето на законот за да се спасат од одговорност бандитите од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски работи по нарачка на неговиот ментор од Будимпешта, но им порачувам дека нема да им успее. Ги повикувам пратениците да остснат доследни, да го подржат законот за ЈО, за кој има поддршка од нашите партнери од меѓународната заедница“, рече Костадинов.
На прашњето дали има мнозинство и дали законот за ЈО ќе помине, Костадинов вели дека очекува поддршка од 80 пратеници.
„Не можам да кажам кога ќе се гласа, тоа зависи од претседателот Џафери. Неколегијално е да кажам дека имаме 80 пратеници врзни во крпче, но очекувам, и оптимист сум дека повеќе од 80 пратеници ќе застсанат зад законот и ќе се стават на страната на правдата”, рече Костадинов.
Додаде дрка засега нема пристигнато предлог за нов технички министер на местото на Рашела Мизрахи. Тој кажа и дека
очекува се отвори и дебата за законот за совет на јавни обвинители кој исто така важен за правото и правдата.