– Бугарскиот и косовскиот премиер, Бојко Борисов и Албин Курти, денеска се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, а по средбата беше заклучено дека нема нерешени билатерални прашања.
Бугарскиот премиер напиша на Фејсбук дека „нема нерешени прашања меѓу Косово и Бугарија и оти билатералните односи ги карактеризира меѓусебна доверба”.
Тој додаде дека има неискористен потенцијал за проширување на соработката во различни области.
– Постои неискористен потенцијал за проширување на соработката во областа на економијата, инвестициите и туризмот, напиша Борисов на Фејсбук.