Српскиот претседател Александар Вучиќ приредил свечен ручек по повод Денот на државноста на Србија во зградата на Претседателството, објавено е на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“. Вучиќ ги служел гостите со традиционално печење. Меѓу гостите бил и патријархот на Српската православна црква, Иринеј.
Српскиот претседател Вучиќ имал и гости од Македонија, градоначалникот од општина Центар, Саша Богдановиќ како и претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.