Раководството и собранието на акционери на АД Тетекс од Тетово, каде производството во последниот погон од фабриката за конфекција пред неколку дена беше затворено, ја разгледува можноста како понатаму да продолжи да работи овој некогашен регионален гигант.
Има неколку варијанти за реорганизација на фабриката, но која ќе биде прифатена сеуште е неизвесно открива првиот човек на синдикатот Љупчо Радовски. Според него моментално се работи на решавање на просторни, производни и кадровски проблеми.
Иако погонот за конфекција не работи, на своите работни места доаѓаат педесетина лица кои работат во администрација, на одржување, а отворени се и дуќаните каде има залихи од роба за продавање.
Првиот човек на компанијата Глигорие Гоговски, потврдува дека компанијата продолжува да работи, но во меѓувреме се испитува пазарот и се разработуваат идеите за повторни започнување со производствениот процес.