– Сега е на ЕУ конечно да испорача, откако Северна Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Мајкл Рот.
-Добри вести од нашите пријатели од Северна Македонија: Парламентот штотуку го усвои двотретинскиот Закон за Јавното обвинителство. Натамошен чекор кон владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија. Сега е на ЕУ конечно да испорача, напиша Рот на својот Твитер налог.