УЕФА го казни Унион Берлин поради расизам

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) му изрече казна на германскиот бундеслигаш Унион Берлин поради расистичко однесување на неговите навивачи на натпреварот на домашен терен од Конференциската лига против израелски Макаби Хаифа одигран на 30 септември на Олимпискиот стадион во Берлин.

За следниот европски натпревар на Унион Берлин ќе бидат затворени два сектори на стадионот за домашни навивачи, а германскиот клуб ќе мора да постави транспарент со пораката #NoToRacism (Не на расизмот).

Казната на Унион Берлин се однесува на следниот натпревар во рамки на 4. коло во Конференциската лига против холандски Феенорд на 4 ноември.

Треба да знаете
Последни објави