Новиот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ја презема функцијата од шефицата на државата во заминување Колинда Грабар Китаровиќ. Милановиќ како кандидат на партиите на левиот центар ја победи Китаровиќ на изборите во вториот круг оддржан на 5 јануари годинава.
За разлика од претходните претседателски инаугурации на плоштадот пред седиштата на владата и на парламентот во Загреб, денешната на Милановиќ ќе биде во кабинетот на претседателот. На свеченоста се поканети 40 официјални државни претставници и нема да има лидери на хрватските партии, на верските заедници и дипломати.