Тренерот на актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија, Ернест Ѓока додека бил на кормилот на албанскиот прволигаш Влазнија од Скадар, каде сега на клупата седи поранешниот македонски селектор Мирасад Јонуз бил киднапиран од непознати лица ! Оваа неприатна епизода во тренерската професија на 49-годишниот Ѓока, кој во Тетово пристигна во финишот на есенскиот дел од сезоната, ја обелоденија во емисијата „Спортски процес“. Албанските медиуми открија дека Ѓока бил киднапиран од криминалци во 2018 година и бил држен неколку часа како заложник. Медиумите додаваат дека ваквите неприајтни ситуации во Влазнија се случуваат многу почесто.
Пред неколку дена под возилото на еден од членовите на раководството на клубот бил пронајден експлозив, кој според тамошната полиција бил искористен како порака да го исплашат непознати лица.