Сите очи во Мајами вперени во Златан- легендарниот напаѓач изгледа спектакуларно

Златан Ибрахимовиќ (41) се подготвува за големо враќање на терените, а одморот во Мајами го користи да продолжи да работи на физичката подготвеност.

Тој наскоро ќе биде подготвен повторно да истрча во дресот на Милан на „„Сан Сиро“ кој го обожава.

Легендарниот голгетер се уште е во Соединетите Американски Држави каде по операцијата на коленото напорно работи на своето тело.

Иако има 41 година, Златан игра, но и изгледа навистина спектакуларно и привлекува големо внимание на плажите, сите погледи на плажата на Мајами денеска беа вперени во него.

Како и претходните денови, така и денеска имаше напорен тренинг.

На 41 година човекот е навистина неверојатна машина и нема сомнеж дека би можел да биде клучна предност до крајот на оваа сезона во борбата на Росонерите за одбрана на титулата.

Златан се уште не е целосно подготвен. Треба да биде за месец-два и ќе биде убаво да го видиме легендарниот Ибра повторно на терените во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави