Денеска и утре (21 ч.) продолжуваат возбудувањата од нокаут-фазата во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Први на мегдан излегуваат во Дортмунд, домашната Борусија и францускиот ПСЖ и во Мадрид, Атлетико и актуелниот европски првак, лидерот на англиската премиерлигашка конкнуренција Ливерпул. Утре на програмата се дуелите Аталанта – Валенсија и Тотенхем – Лајпциг. Преостанатите четири дуели од осминафиналето се закажани за 25 и 26 февруари: Челси – Баерн Минхен, Наполи – Барселона, Лион – Јувентус и Реал мадрид – Манчестер сити.
Бранителот на трофејот Ливерпул го чека тешка задача во елитното натпреаврување, за да ја продолжи низата без порази која ја има во англиската премиерлигашка конкуренција каде е пред промоција во нов шампион по пауза од 30 години. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, воопшто не помислува да го потцени составот на Атлетико предводен од неговиот колега Диего Симеоне.
-Играњето против екипа каква што е Атлетико Мадрид е една од најтешките работи во животот на еден фудбалер. Тие имаат навистина добар состав, организирана „машина“ за резултати – изјави германскиот стартег Клоп.
Клоп потенцира дека формата на „јорганџиите“ нема воопшто да ги залажува и опушти пред првата меѓусебна пресметка во ЛШ.
-Луѓето ми велат дека оваа година не иста. Треба да се има во предвид дека имаат период на транзиција, тоа е нормално, меѓутоа се уште даваат максимум од себе, начинот на кој играа сезонава не е толку лош како што луѓето оценуваат, сето тоа нема никаква поврзаност со мечот кој не очекува – вели Клоп на кого слабата форма на Атлетико Мадрид не му значи ништо ио додава:
-Тимот кој ќе игра како и на реваншот, тимот кој ќе се бори повеќе на теренот, ќе сака повеќе, токму тој ќе оди во следната фаза, не игра никаква улога тоа кој бил најдобриот во Премиерлигата, или во Примера – заклучи Клоп во пресрет на вечерашната прва пресметка во Мадрид.