Пробивањето на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово само го дислицира проблемот со сообраќајот во градот, обвинија од Комисијата за транспорт и врски при Демократската партија на Албанците на денешната прес-конференција. Сообраќајниот метеж според нив се должи и на нессодветни постапки на другите булевари.
-Главно функционално решение би било продолжување на булеварот до Порој. Мора да споменеме дека тоа што не се контролираат дивоградби овозможи изградба на згради на оските на булеварите како на „Илинден” со што е спречено нивно продолжување. Иста е проблематиката со булеварот Благоја Тоска, изјави Земри Асани од ДПА.
Асани посочи дека ДПА реализирајќи делови од нивната платформа ќе реши многу проблеми од инфраструктурата.
-Во албански населби да се инвестираат разумни буџетски средства,завршување 8-ми паневропски коридор, автопат Скопје-Блаце, патна инфраструктура и водоводи во рурални општини, гасификација, рече Асани.
Нивни инфраструктурни предлози се и намалување на 30 отсто на телекомуникациски услуги.