Високата излезност на парламентарните избори во Иран ќе покаже единство против „непријателите”, изјави денеска врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
– Америка нема да успее да создаде поделби меѓу власта и Иранците … високата излезност ќе го покаже нашето единство против непријателот, напиша Хамнеи на Твитер.
Парламентарните избори во Иран ќе се одржат на 21 февруари.