ВМРО-ДПМНЕ до 10 март ќе ги објави кандидатските листи за изборите на 12 април

До 5 март ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги објави имињата на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори, додека останатите имиња од листите не подоцна од 10 март изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

– Најголем дел луѓе за првпат би се нашле на листи, но ќе има и такви чие што искуство е потребно во рамките на пристојно функцонирање во Парламентот, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени функционирањето на техничката Влада и однесувањето на Владата пред да биде именувана техничката како исклучително нефер и недостоинствено во процесот на спроведување фер и демократски избори. Но, потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не се жали. – Напротив, и покрај сите предизвици како злоупотреби во Буџетот, вештачки вработувања и натрупувања во државната администрација, се уште замрзнатиот имот на партијата, неисплатеното со закон загарантирано финансирање на политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ е убеден во мудроста на граѓаните и во огромна победа на 12 април, додаде тој.

 

Треба да знаете
Последни објави