Епидемијата на вирусот КОВИД-19, што се појави во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Гутереш, кој престојува во Пакистан, во интервју за американски медиум изјави дека „ширум светот постои огромен ризик и дека мораме да бидеме подготвени за тоа”.
Гутереш во Пакистан учествува на конференција по повод 40-годишнината од бегството на илјадници луѓе од соседниот, со војна разурнат, Авганистан.
Бројот на смртни случаи од коронавирус нарасна на 1.873, а меѓу нив е и директорот на главната болница во Вухан, неврохирургот Лиу Зиминг, соопшти денеска Здравствената комисија на Вухан.