Најстарата ќерка на Мадона, Лурдес Лола Леон во понеделникот вечерта присуствуваше на забава во лондонски The Standard, а настанот го организираше списанието LOVE во рамки на Модната недела во англиската престолнина (London Fashion Week).
Ќерката на поп-кралицата беше фотографирана додека се враќаше во хотелот по забавата.
Претходно во текот на денот, Лурдес присуствуваше на презентацијата на британскиот бренд AW2. А за таа пригода, на себе имаше мини-фустан на „Барбери“, шешир од истиот бренд и ѓердан со изгравирана плочка со име Лолита.
Исто како и славната 61-годишна мајка, Лурдес студираше на Факултетот за музика, театар и танц на Универзитетот во Мичиген од 2014-2018 година.