– Пеп Гвардиола свика итна средба со фудбалерите на Манчестер Сити поради казната изречена од УЕФА, која го исфрли тимот на две години од европските клупски турнири.
Шпанскиот стратег упатил неколку барања до играчите. Како прво, Гвардиола побарал од нив највисоко можно ниво на професионалност, како и одговорност од нив. Претстојат клучни натпревари за „граѓаните”, откако следи средба со Вест Хем, одложена од минатиот викенд.
Исто така, пред осминафиналната средба со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Гвардиола побарал од своите пулени да избегнуваат интервјуа, како и јавни настани и семејни средби.
Неговата желба е да бидат целосно фокусирани на оваа средба и да не бидат под влијание на ништо странично.