Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.М.(55) од Оризари, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”. Пријавениот набавил две фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра со ист сериски број и на 20.01.2020 во менувачница во Кочани се обидел да ги замени, но бидејќи банкнотите ѝ биле со сомнителен квалитет на вработената, настанот го пријавила во ОВР Кочани. Со експертиза од Народна банка било утврдено дека банкнотите биле фалсификат.