Гутереш: Ситуацијата со коронавирусот е многу сериозна

Епидемијата која изби во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој во посета на Пакистан рекол дека постои огромен ризик и дека мора да бидеме подготвени во светот за тоа.

Најголема загриженост Гутереш изразил поради ширење на коронавирусот во области со мали капацитети во здравствените служби, посебно во одделни африкански земји.

Светската здравствена организација разгледува начини како да помогне во случај на таков развој на ситуацијата, додал Гутереш.

Во Египет неодамна беше забележан првиот заболен случај, што предизвика страв дека ќе се прошири на африканскиот континент.

Гутереш констатира дека денешниот свет хаотичен, погоден од бројни кризи. Тој вината за состојбата во светот ја префрли на три водечки сили – САД, Русија и Кина, нарекувајќи го нивниот однос дисфункционален, што, како што наведе, го парализира Советот за безбедност на ОН.

Треба да знаете
Последни објави