Се работи за различно толкување на законите, во однос на тоа зошто Централниот регистар вработувал по Законот за работни односи,а не по Законот за административни службеници.-истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека Централниот регистар не само сега ,туку на истиот начин вработува со години, со оглед на тоа дека се работи за самостоен орган кој е и самофинансирачки
и како таков не е во опфатот на вработувања наменети за административни службеници.
Тука нема ништо незаконито, туку едноставно различно толкување на законите.-истакна Манчевски