Тамара Тодевска во новата кампања на Европската Унија за „Европејците кои прават разлика“

Тамара Тодевска е дел од најновата кампања на Европската унија наречена
„Европејците кои прават разлика“

Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на Европската унија
иновативните и талентирате жени од Западен Балкан.

Освен Тамара, во оваа кампања свое претставување имаат и Маја Раишевиќ од
Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од
Албанија и Наташа Ковашевиќ од Србија.

Како дел од кампањата, Тамара ќе има и свој настап во Брисел на 5. март.

Инаку, на минатогодишната Евровизија во Израел, Тамара ги сруши сите рекорди
на сите евровизиски претставници од Македонија. Таа го постигна најдобриот
резултат на земјава во финалето и полуфиналето, најдобриот пласман досега и
беше првиот победеник од жирито од Балканот.

https://www.facebook.com/EuropeanExternalActionService/videos/232736894423317/?t=0

Треба да знаете
Последни објави