Барселона сака да го види првиот човек на англискиот фудбалски гигант Ливерпул Јирген Клоп како главен тренер, објави „Sport.es”. Во каталонскиот клуб се уверени дека актуелниот нивни тренер, Роналд Куман, следната година ќе го напушти тимот.
Меѓу кандидатите за негова замена е и екс-фудбалерот на Барса, Чави.
Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува и за кандидатурата на Томас Тухел, кој моментално работи во Челзи, но оваа опција е малку веројатна.
По девет кола од Ла Лига, Барселона со 15 бодови го зазема 9. место.