(Видео) Мелоун: Ништо страшно, моја е одлуката Јокиќ да не игра во второто полувреме

Денвер загуби на гостувањето кај Јута Џеј (122:110), но она што ги загрижи навивачите повеќе од поразот е повредата на Никола Јокиќ во 15 минути по дуелот кој го имаше со Руди Гобер. Се повреди и повеќе не се врати на паркетот. Јокиќ за 15 минути запиша 24 поени, 6 скокови и 6 асистенции и никој не го надмина до крајот на мечот.

Србинот доби непријатен удар во коленото и извесно време се држеше на болното место, по што замина во соблекувалната. По мечот со смирувачки тонови за навивачите се огласи  тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.

– Мислам дека не станува збор за ништо пресериозно. Му пријдов на Никола додека пробуваше да се загрева за второто полувреме и ги прашав како се чувствува. Ми рече дека се чувствува малку слабо во коленото и тогаш одлучив да не игра до крајот. Тоа беше моја одлука, а не негова. Не сакав да ризикувам, – изјави Мелоун кој отфрли посериозна повреда за неговиот најдобар играч.

Треба да знаете
Последни објави