Словенечката полиција во јануари регистрираше 595 нелегални гранични преминувања, што е за речиси 85 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.
Од нив, повеќето биле марокански државјани (176), Авганистанци (95) и Египќани (50).
Речиси половина од нелегалните преминувања, односно 239, се евидентирани во областа Ново Место, а потоа следат Копер и Љубљана.
Само 12 лица добиле меѓународна заштита, додека постапката е суспендирана во 180 случаи, најмногу затоа што апликантите ја напуштиле Словенија сами, пренесува СТА.
Од странските државјани кои влегле во Словенија по нивниот нелегален влез, речиси сите се вратиле во Хрватска.