Странски компании кои ја тужат Албанија во арбитражните судови бараат отштета во износ од една милијарда и 356 милиони евра.
„Иако државната адвокатура беше херметички затворена во врска со транспатентноста околу тужбите против Албанија, Високата државна ревизија откри колку големи загуби и се закануваат на Албанија од овие судења,наведува Топ чанел.
Спорд ревизијата против Албанја има девет активни тужби во арбтражните судови од каде се очекува одлука.
Две од нив се од компаниите поврзани со италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. За еден од случаите Меѓународниот суд за решавање спорови во врска со инвестиции ја казни Албанија со 110 милиони евра. Но, оваа одлука сè уште не е финализирана откако Албанија достави жалба и процесот продолжува.
Освен двете тужби на Бечети има и 7 судења од други компании. Поголемот број на овие судски постапки се против Министерството за енергетика и нејзините подредени агенции.
Во арбитражнте судови има две активни тужби против Албпетрол и националната агенција за природни ресурси, при што компаниите бараат отштета од над 110 милиони евра. Албанската агенција за патишта е тужена во Меѓународната трговска комора за 44 милиони евра, додека Електродистрбуција и националната агенција за водовод и канализација за 5 односно 20 милиони евра.
„Ова е првпат државен документ да открие гигантски бизнис во арбитража, кој ризикува да ги шокира државните финансии заради невнимание или корупција на институциите што ја изложија земјата да се соочи со стратосферски барања”,констатира Топ чанел.