В.д. директорот на депонијата „Дрисла“, Коста Начевски во гостување на Утрински брифиг на Слободна ТВ говореше за работата на депонијата, а притоа упати и едно уверување до жителите на градот Скопје.
„Ги уверувам сите скопјани, да бидат мирни и спокојни. Депонијата „Дрисла“ многу скоро ќе стане санитарна депонија, ќе ги задоволи сите стандарди и загадувањето во Скопје нема да биде од „Дрисла““, истакна Начевски.