Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. За време на посетата директорот на Институтот Скендер Асани го информираше министерот за проектите кои оваа институција ги реализираше во изминатиот период, а изрази благодарност и за поддршката од страна на Министерството за култура за проектите кои Институтот ќе ги реализира во текот на оваа година. Тој го запозна министерот и со новите предизвици со кои се соочува Институтот како на научен така и на културен план.
Министерот Исмаили изрази благодарност до Асани за реализираните активности истакнувајќи дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите од областа на културата на Институтот, чија цел е заштитата на културното наследство на Албанците во земјава.