Викторија Бекам изгледа неверојатно на насловната страница на грчки „Вог“

Семејството на Викторија Бекам гордо седеше во првиот ред на нејзината модна ревија за време на London Fashion Week или лондонската модна недела.

А модната креаторка Викторија Бекам ги покажа своите вештини за позирање додека ја краси насловната страница на мартовското издание на „Вог“ Грција, со поднаслов Victorious („Победничка“).

Ѕвездата на Спајс девојките (45) изгледа неверојатно во нејзините дизајни за пролет / лето 2020, а фотографиите за списанието ги направи Алекси Лубомирски.

А насловната за „Вог Грција“ доаѓа откако нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и три од нивните четири деца гордо седеа во предниот ред на презентација на нејзината колекција на Модната недела во Лондон во неделата наутро.

44-годишниот пензиониран фудбалер присуствуваше на ревијата со децата Ромео (17), Круз (14), и Харпер (8), а 20-годишниот син Бруклин не беше присутен.

 

Треба да знаете
Последни објави