Одбројувањето за македонската кошаркарска репрезентација до стартот на квалификациите за настап на ЕП-2021 привршува. Избраниците на македонскиот селектор Александар Тодоров вечерва (20.15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го играат првиот натпревар во групата, против Естонија, а три дена потоа во Перм и гостуваат на фаворизираната Русија. Подмладениот состав ги одработи мини-подготвките и подготвен ги дочекува предизвиците да се избори за нов настап на континеталните собири. Тодоров ги избра 12 кошаркари на кои ќе смета на овие два квалифиакциски дуели.
-Конечно ќе играме во главните квалификации за дас избориме настап на едно европско првенство. Првиот дуел со Естонија ни е најважен. Имавме доволно тренинзи. За поздравување е и одлуката на федерацијата која го одложи Купот на Македонија за да ни даде повеќе време за подготовки. Подготвени сме добро. Ситните проблеми со повреди и со вирус се минато. Максимално подготвени го дочекуваме мечот – порача Љубомир Младеновски пред вечерашниот натпревар со Естонија.
Најдобро рангирана селекција според ФИБА во нашата квалифиакциска група е Италија, која е шеста селекција по квалитет, и има обезбеден пласман на завршниот турнир на ЕП со оглед што е еден од домаќините, заедно со Грузија, Чешка и со Германија. Веднаш зад Италија на рангирањето се наоѓа Русија, вториот противник на македонскиот државен тим на кој му гостуваме на 23 февруари, кој високо котира, на седмата позиција по квалитет во Европа. Селекцијата на Естонија, која ќе ни биде главниот ривал за пласман на континеталниот собир е за три места подобро рангирана од „црвено-жолтите“ односно се наоѓа на 26. место. Овие статистички податоци не ги колебаат макеоднските кошаркари кои се на 29. место според ФИБА. За да обезбедат настап на ЕП треба да завршат пред една од двете слекции Русија и Естонија кои ќе бараат „европска виза“ преку квалифиакциите, додека Италија ќе игра вон конкуренција во групата.
Со поддршка од домашните навивачи македонските репрезентативци очекуваат победнички старт во квалифиакцискта група.
-Немаме премногу информации за Естонците бидејќи и тие настапуваат со подмладен состав. Имаат и нов селектор, но токму затоа ние се фокусиравме на нашата игра. Гледавме некои нивни индивидуални карактеристики, мислам дека ќе знаеме како да ги запреме, подготвени го дочекуваме овој натпревар. Ќе одлучи моменталната инспирација, а таа ќе биде на наша страна, бидејќи играме пред наша публика од која очекувам силна поддршка на овој меч- вели Младеновски.