Македонската кошаркарска репрезентација ја пречекува Естонија на стартот на во квалификациите за Европското првенство 2021 година. За овој дуел, поради повреда неизвесен беше настапот на талентираниот кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да биде носител на играта на „црвено-жолтите” во иднина.
– Повредата дојде во незгоден момент, бев под еден посебен третман, но ќе играм вечерва против Естонците. Мислам дека клучно за овој меч ќе биде да одиграме колективно, Естонија можеме да ја победиме само ако одиграме како екипа, да си помагаме на теренот. Знаеме дека играат брза кошарка, јас сум навикнат на такво нешто од настапите во Шпанија и во Еврокупот, можеме да им одговориме на вистински начин и да стигнеме до посакуваната победа, изјави Димитријевиќ за веб-страницата на КФСМ.