На најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска, македонската фудбалска репрезентација го задржа 68. место, очекувано со оглед на тоа што немаше настапи од почетокот на годината.
Првиот настап годинава за „црвено-жолтите“ ќе биде натпреаврот на 26 март од полуфиналето во Лигата на нации, против селекцијата на Косово, која се наоѓа на 115. позиција.
На февруарското рангирање нема промени ниту меѓу најдобрите десет на ранг-листата. Водечка е Белгија, пред Франција и Бразил.
Топ 10 најдоброрангирани селекции го комплетираат: Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.