Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања и неосновани обвинувања, затоа што ништо друго и не знаат. Од белиот дворец, во нивен познат стил ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласираат лажни вести и невистини. Таквите лаги ќе се интензивираат како што ќе наближува 12 април и извесниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ. Дека очајот во ВМРО-ДПМНЕ кулминира потврдуваат неоснованите напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и претходно се потврдија дека се со краток рок, доказ за тоа е и случајот за изречена клевета од страна на Александар Николовски , во слична ситуација, кога неосновано ширеше лаги во јавноста. Денес таквите лаги ги продолжува Ружица Николовска докажан бранител на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Николовска остана запаметена во јавноста како бранител на обвинетите за 27 април, како и обвинети во предмети кои ги водеше своевремено СЈО.
Горан Ѓошевски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески се дел од обвинетите по разни предмети , зад чија одбрана стои токму адвокатката која денес потврдува дека се залага за враќање и обнова на режимот.
Одамна е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски не можат да понудат ништо освен лаги, конструкции, невистини и измислици преку кои водат негативни, валкани кампањи.
Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда. Затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз од граѓаните, кои ќе порачаат режим никогаш повеќе.