Бразилски политичар бил погоден со гумени куршуми, откако се обидел да употреби градежно возило за да ги растера воените полицајци кои протестираат за подобри плати, пренесува РТ.
Поранешниот гувернер на државата Сеара, на североисточниот брег на Бразил, и актуелен сенатор Сид Гомес се спротивставил на демонстрациите на персоналот на воената полиција во неговиот роден град Собрал. Според весникот „О Глобо“, полицајците барале покачување на платите.
Политичарот најпрво им викнал на полицајците преку мегафон да си заминат. Откако тие одбиле, Гомес се качил во булдожер и удрил во ограда заштитувана од демонстранти маскирани во црно.
Видеата од настанот покажуваат дека демонстрантите фрлаат предмети кон булдожерот.
Прозорците на возилото биле распарчени, а се слушнале и неколку истрели во позадина. Крвавиот Гомес бил отстранет од булдожерот, а неговиот брат им рекол на новинарите дека Гомес бил погоден од два гумени куршуми. Самиот политичар подоцна на „Твитер“ потврди дека е хоспитализиран, но дека нема повреди опасни по живот.