Мадридскиот спортски весник „Ас“ објави листа од деет најлоши напаѓачи на Реал Мадрид во историјата, и на неа има дури тројца од поранешната држава СФР Југославија.
Двајца се од Србија, Лука Јовиќ и Перица Огњеновиќ и еден од Бих, Елвир Баљиќ. Јовиќ се уште е играч на Реал кој за него плати 60 милиони евра, но сезонава настапува како позајмен играч во Фиорентина.
Огњеновиќ и Баљиќ, Кралскиот дрес го носеа помеѓу 1999 и 2001 година.
Напознатото име на оваа листа е тоа на поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка, кој дресот на Кралскиот клуб го носеше во сезоната 1999/00. За Реал кој го плати 22.5 милиони фунти, одигра само 33 натпревари, штрајкуваше и одби да тренира три дена пред неговото деби.
Не помалку спектакуларна беше епизодата на Антонио Касано, кој го носеше дресот на Реал од 2006 до 2008 година и притоа настапи на само натпревари и имаше учинок од четири гола и три асистенции. Еден гол повеќе даде Аргентинецот Хавиер Савиола кој за Реал настпауваше од 2007 до 2009 година.
Десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал според весникот АС:
Николас Анелка (1999-2000)
Антонио Касано (2006-2008)
Хавиер Савиола (2007-2009)
Лука Јовиќ (2019-2022)
Едвин Конго (1999-2000)
Мануел Канабал (1997-1998)
Перица Огњеновиќ (1999-2001)
Елвир Баљиќ (1999-2002)
Петар Дубовски (1993-1995)
Фредерик Магелан (1999-1999)