Зад мене е белиот дворец, седиштето на некогаш најбогатата партија во Европа која 11 години ја опустоши државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните. Денес е седиште на партија должник во огромен долг од 8 милиони евра! Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на неговиот шеф, Никола Груевски – осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ!
За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава од 2006 до првиот квартал од 2017 порасна од околу 2,5 милијарди евра, на околу 7,7 милијарди евра, или за повеќе од 5 милијарди евра!
За истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, споменик-симбол на нивниот криминал и корупција. За тоа како и на кој начин се финансирала изградбата покажува предметот Талир за кој случајно или не, не е одржано ниту едно судско рочиште. Затоа Законот за ЈО е многу важен и затоа ВМРО-ДПМНЕ толку се плаши од него, ќе одговараат!
ВМРО-ДПМНЕ се најнедомаќинска и најрасипничка партија! Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!
Ако својата партија ја задолжиле со 8 милиони евра, што би се случило со државниот буџет? Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти? Тие не можат да водат држава никаде освен во пропаст.
Затоа граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 12 април повторно ќе бидат казнети криминалните политики. Граѓаните нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата. На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим никогаш повеќе!